Органски ѓубрива


AGRIFUL

AGRIFUL

Коренов биостимулант за почвена апликација со N, P, K, Фулвинска киселина и органски материи. Ја активира почвената микрофлора. Органско ѓубриво.

TECAMIN MAX

TECAMIN MAX

Биостимулант за фолијарна и почвена апликација. Содржи N, аминокиселини, и органски материи. Го активира растот на растението и помага при надминување на стресни ситуации. Органско ѓубриво.

FERTIGRAIN FOLIAR

FERTIGRAIN FOLIAR

Фолијарен биостимулант за житни култури. Го подобрува приносот и квалитетот. Содржи Н, микроелементи, Аминокиселини и органски материи. Органско ѓубриво.

FERTIGRAIN START

FERTIGRAIN START

Течно ѓубриво за третирање на семе. Содржи N, Аминокиселини, органски материи и екстракт од алги. Органско ѓубриво.

AGRIPHYT CONTACT Zn/Mn

AGRIPHYT CONTACT Zn/Mn

Течно ѓубриво со маслена формулација за фолијарна апликација. Содржи N, Zn и Mn. Го корегира недостатокот на Zn и Mn. Поради маслената формулација има одлично инсекто-акарицидно дејство. Делува на пајаци, штитести вошки и белокрилка. Има само контактно дејство. Поради тоа што има каренца и резидуи 0, може слободно да се користи во берба. Органско ѓубриво.

CONTROLPHYT Cu

CONTROLPHYT Cu

Течно органско ѓубриво за фолијарна и коренова апликација. Го спречува и корегира недостатокот од Бакар и дејствува превентивно против разни габни  и бактериски заболувања. Отпорен е на измивање. Не остава резидуи во растенијата и почвата.

CALMA

CALMA

Основно гранулирано ѓубриво со Ca, Mg и микроелементи. Го решава проблемот со недостаток на Ca уште во стартот, во почвата. Може да се користи и за калцификација на кисели почви.

EKOFREEZ

EKOFREEZ

Растителен антифриз и антистрес производ. Се применува за зголемување на отпорноста на растенијата на ниски и високи температури, суша, поплави… (отпорност на стрес). Течен биостимулатор од органско потекло дозволен за употреба во органско производство, со двојно дејство (заштитно и хранливо). Се применува на сите култури фолијарно во концентрација од 0,75%. Дејството трае 10 до 15 дена.