AGRIFUL
Коренов биостимулант за почвена апликација со N, P, K, Фулвинска киселина и органски материи. Ја активира почвената микрофлора. Органско ѓубриво.
TECAMIN RAIZ
Коренов биостимулант за почвена апликација кој го стимулира развојот на кореновиот систем. Влијае директно на размножувањето на коренот. Содржи аминокиселини, органски материи, хелатирани микроелементи и екстракт од морски алги.
TECAMIN MAX
Биостимулант за фолијарна и почвена апликација. Содржи N, аминокиселини, и органски материи. Го активира растот на растението и помага при надминување на стресни ситуации. Органско ѓубриво.
TECAMIN FLOWER
Биостимулант за фолијарна апликација за подобрување на цветањето и врзувањето на плдовите. Ја зголемува плодноста на поленот и го редуцира паѓањето на плодовите после цветање. Содржи N, P, B, Mo, аминокиселини и екстракт од морски алги.
TECAMIN BRIX
Биостимулант за фолијарна апликација за развој на плодот. Го подобрува обојувањето на плодот, ја зголемува содржината на шеќери и димензијата на плодовите. Содржи K, B и екстракт од морски алги.
TECNOKEL CALCIUM
Течно ѓубриво за фолијарна апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Калциум. Ги зголемува цврстината на плодот и постбербениот квалитет. Ја редуцира појавата на “горки пеги” кај јаболката и “црн врв” кај доматот.
TECNOKEL AMINO B
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Бор.
TECNOKEL AMINO Ca
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Калциум. Го подобрува постбербениот квалитет и цврстината на плодовите. Содржи Cа, B, и N.
TECNOKEL AMINO Zn
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Цинк. Содржи Zn и Аминокиселини.
TECNOKEL AMINO Fe
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Железо . Ја спречува и ја санира појавата на железна хлороза. Содржи Железо и Аминокиселини.
TECNOKEL AMINO Mg
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од Магнезиум. Содржи Mg и Аминокиселини.
TECNOKEL AMINO MIX
Течно ѓубриво за фолијарна и почвена апликација за спречување и корегирање на недостатокот од микроелементи. Содржи Fe, Mn, Zn, Cu, B, Mо и Аминокиселини.
FERTIGRAIN FOLIAR
Фолијарен биостимулант за житни култури. Го подобрува приносот и квалитетот. Содржи N, микроелементи, Аминокиселини и органски материи. Органско ѓубриво.
FERTIGRAIN START
Течно ѓубриво за третирање на семе. Содржи N, Аминокиселини, органски материи и екстракт од алги. Органско ѓубриво.
AGRIPHYT CONTACT Zn/Mn
Течно ѓубриво со маслена формулација за фолијарна апликација. Содржи N, Zn и Mn. Го корегира недостатокот на Zn и Mn. Поради маслената формулација има одлично инсекто-акарицидно дејство. Делува на пајаци, штитести вошки и белокрилка. Има само контактно дејство. Поради тоа што има каренца и резидуи 0, може слободно да се користи во берба. Органско ѓубриво.
CONTROLPHYT PK
Течно ѓубриво за фолијарна апликација.Го активира механизмот на природна отпорност на растенијата. Активен и концентриран извор на P и К.
TECNOPHYT pH
Течно ѓубриво за фолијарна апликација со N и P. Делува како: прилепувач, закиселувач, pH индикатор и средство против пенење.
CONTROLPHYT Cu
Течно органско ѓубриво за фолијарна и коренова апликација. Го спречува и корегира недостатокот од Бакар и дејствува превентивно против разни габни и бактериски заболувања. Отпорен е на измивање. Не остава резидуи во растенијата и почвата.