ПИПЕРКА
NAPOCA F1
Капија хибрид, со индетерминантен раст. Погоднa за одгледување во заштитени простории и на отворено. Многу родна сорта, со голема количина на суви материи. Плодовите се мазни, униформни, долги 18-23 cm и со 5-6 cm широки страни, со просечна тежина од 150-180 g. Уедначено зрее, не пука. Одлична за берба на зелено. Одлично се пече и се лупи. Добра толерантност на стресни услови! Одличен избор за свежа консумација и за преработка.
POTAISA F1
Капија хибрид, со индетерминантен раст и капацитет за висок принос. Погоднa за одгледување во заштитени простории и на отворено. Плодовите се средно-долги, лесно сплескани,со 2 страни, долги од 15-28 cm и широки од 4-6 cm. со просечна тежина од 140-160 g. Зреењето е од зелена кон сјајна црвена боја, со сладок вкус. Одличен избор за преработувачката индустрија и за зелените пазари.
DACIANA F1
Ран, бабура тип на хибрид, со индетерминантен раст. Погоднa за одгледување во заштитени простории и на отворено. Големи, сјајни плодови, со тежина помеѓу 140-180 g, при зреење преминуваат од жолто-зелени во црвени. Повеќето плодови се униформни, дебели, со 3-4 страни и со висока комерцијална вредност. Не реагира на недостаток на Калциум и добро издржува високи температури.
TRAIAN F1
Домат-пиперка тип на хибрид. Средно рана сорта со потенцијал за многу висок принос. Погодна за производство на отворено и во затворени простори. Плодовите се големи (150-190 g), униформни, со висок % на суви материи имногу тенка лушпа. Меснатиот дел е дебел (6-7 mm), бојата со зреење преминува од темно-зелена во темно-црвена. Има добра отпорност на високи температури.
КРАСТАВИЦА
COLUMNA F1
Долга краставица со должина на плодот од 35cm и тежина од 450-600 g. Плодот е мазен, со темно-зелена боја, се развива за 20 дена од цветање. Се препорачува за одгледување во затворени простори. Се одликува со висока родност. Отпорност: PX, CMV, Ccu, IR: CVYV, Cca
РОТКВИЦА
JOHANNA
Светло-црвена ротквица со округло-овални плодови со пречник од 3-4 cm, многу вкусни и крцкави, отпорни на задрвенување и пукање. Подобри резултати дава при долг ден.
ПЧЕНКА ШЕЌЕРЕЦ
SWEET SPIRIT F1
Ран, шеќерец тип, со вегетација од 70-73 дена. Кочанот има цилиндрична форма со должина од 20 cm и 20 зрна во ред. Зрното има жолта боја. Висината на растението е од 160-170 cm. Препорачана густина на сеење од 60000-65000 растенија на ha. Употреба за свежа консумација и во индустрија. Толерантна на: (HR) Ps (IR) Et, Bm.
БОРАНИЈА
ILEANA
Низок тип на боранија со жолти мешунки. Растенијата се јаки, со висина од околу 40-50 cm. Мешунките се прави, долги околу 10-13 cm, а широки околу 1 cm. Се препорачува за свежа консумација и преработка.
ЗЕЛКА
VICTORIA F1
Средно-рана сорта, вегетационен период 70-75 дена после расадување, со округла форма, сиво-зелена боја и тежина од 2,5-3 kg. Се одгледува на отворено. Растенијата се енергични и униформни. Има добра трајност. Толерантна е на Fusarium oxysporum f.sp. conglutans, Race 1. Се употребува за свежа потрошувачка и индустрија.
RED PEARL F1
Црвена зелка за свежа потрошувачка и за индустрија. Вегетационен период 70 дена после расадување. Главицата е со округла форма, со интензивна црвена боја и тежина од 1,5-2 kg. Растенијата се енергични, со широки и тенки лисја. Сеидбена норма 40000 растенија на хектар.
ГРАШОК
REDONDO
Рана сорта на грашок. Растенијата се високи од 55-65 cm, а мешунките се долги од 7-9 cm, со по 7-9 зрна. Зрната се светло-зелени, со средна големина и убав вкус. Има потенцијал за висок принос и се препорачува за свежа консумација и преработка. Препорачана густина на сеење околу 1 милион растенија на ha (6×15 cm).